Молк во власта по понудата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски до премиерот Димитар Ковачевски самиот да го одбере датумот за предвремените парламентарни избори и вториот круг на претедателските. Според Мицкоски тоа може да биде било кој датум меѓу Велигден и Бајрам а тоа во околу десети мај следната година.

Лидерот на опозицијата е јасен дека ништо не може да го спаси СДСМ од пораз но оти е разумно да има двојни избори со огледа на економската состојба во која се наоѓа Македонија.

Мора да се договори датум за редовни избори. Ќе доживеат жесток пораз и тежок дебакл од народот. Народот треба масовно, во огромен број да им ја прати пораката на овие избори – нема играње со народот. Народот е посилен од секоја тесна клика и елита која си игра со судбината и ја одзема иднината. Доаѓаат промени-рече вчера Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.