Министерството за здравство и ФЗОМ се уште молчаt кои нерегуларностисе констатирани во извештаите од вонредните контроли, а театарот заврши со разрешување само на медицинскиот и економскиот директор на Детска клиника, како и медицинскиот директор на Клиниката за онкологија, напоменуваат од комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму нагласуваат дека недозволиво е наместо одговори да има молк и нетранспарентен однос, а долгот на јавните здравствени е над 100 милиони евра.
Од ВММРО-ДПМНЕ имаат неколку прашања.
Кои се тие нерегуларности на УК за онкологија кои можело да се однесуваат само на медицинскиот директор, а не и на економскиот директор?
️Кој конкретно ја направил таа дистинкција што сметаме дека е селективна?
️.Дали се точни наводите дека од една страна има медицински сестри со награди од по 120 000 ден и административен работник земал плата 90 000 ден?
Дали е точно дека иако законот предвидува двојно да им биде платен трудот дежурството во ден недела, досега вработените не добиле ваков надоместок?
Дали воопшто се вршат редовни надзори од страна на ФЗОМ во јавните здравствени установи?
Аки се вршат дали и какви други нерегуларности се откриени?
Кои се здравствените уставноси со најголеми долгови, а кои со најмали долгови и кои се причините за тоа?
Точно ли е тоа дека токму Клиниката за онкологија е меѓу најголемите должници и ако е така зошто е разрешен само едниот директор?
Дали и во кои установи заради констатирани нерегуларсти се иницирани судски постапки за тие нерегуларности?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.