Министерството за надворешни работи му одговори на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, кој денес во интервју за БТВ побара прецизно објаснување од официјално Скопје пред да разгледува можност за ново вето кон Македонија.

На 6 мај, на граничниот премин Ново Село, поради неисполнување на условите за влез
во Република Македонија, согласно со Законот за странци, не било дозволен влез на група од петмина државјани на Република Бугарија“. Дополнително би сакале да нагласиме дека во оваа група со која патувал и европратеникот Андреј Ковачев, имало лица за кои во Министерството за внатрешни работи има сознанија дека претставуваат ризик по јавниот мир и безбедност. Европратеникот Ковачев не е меѓу нив, но надлежните служби донеле таква одлука поради групата со која патувал.

Секој европратеник кој го почитува достоинството на државата и нејзините
граѓани е добредојден во Македонија“, објаснија од МНР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.