Од Министерството за надворешни работи велат дека како земја пријател на Украина, имаме разбирање за сложената состојба во која се наоѓа Украина и која ги става во посебна состојба украинските власти да повикуваат за секаков вид помош, во сите пријателски земји, вклучувајќи и придружба, и/или доброволци кои би се приклучиле на украинската армија во одбраната од воената закана која доаѓа од руските воени сили.

Министерството за надворешни работи во денешното соопштение ги потсетува граѓаните на Македонија дека учеството во која било странска војска, со законските прописи, поточно со Кривичниот законик на земјава, е кривично дело.

Воедно сакаме да потсетиме дека Република Македонија во целост ја осудува воената агресија на Русија врз Украина, и тоа соодветно земјава го демонстрира и во ОН, НАТО, ОБСЕ и на сите други билатерални и мултилатерални форуми, се наведува во соопштението од МНР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.