Дозволете да информираме дека кусиот прекин на отворањето на Преспа форумот за дијалог се случи поради невремето и силниот ветер кој го оштети панелот од сценографијата, што резултираше со прекин на активностите, стои во писменото соопштение на Министерството за надворешни работи. 

Инцидентот не предизвика никакви последици, и по куса пауза, панлеот продолжи  со предвидената агенда.

Информираме дека Форумот продолжува и утре, со предвидената динамика; утре следат клучните панели на кои очекуваме плодни дискусии и важни пораки

 Министерството за надворешни работи ја користи оваа прилика да им се извини на сите оние кои го следат форумот, овде во Струга, или преку интернет стрим.

 

На Преспа форумот вечерва, веднаш по обраќањето на премиерот Димитар Ковачевски, се случи инцидент што се виде и на директниот пренос. Поради силниот ветер видео бим падна врз модераторката Валбона Зенели која изреагира испаничено, а присутните на форумот трчаа да ѝ помогнат. Сепак се покажа дека нема потреба и дека нема никаква последица, но дебатата времено беше прекината.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.