Во рамки на Министерството за надворешни работи формирана е работна група која го следи развојот на настаните и безбедносната ситуација во Украина, како и одлуките на Европската Унија и нашите пријателски земји во однос на актуелните случувања. МНР навремено ќе извести за евентуални препораки и насоки за постапување за нашите државјани, се вели во одговорот на канцеларијата на портпаролот на македонската Влада на прашањето на МКД.мк за тоа дали се подготвува повлекување на македонските дипломати од Киев.
„Владата преку Министерството за надворешни работи на Република Македонија внимателно ги следи состојбите во и околу Украина и преку нашата амбасада во Киев е во постојана комуникација со надлежните институции во земјата“, се вели во одговорот од Владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.