По добиените информации за почината државјанка на Република Македонија (М.Ј.) во Јужноафриканската Република, Министерството за надворешни работи преку надлежната Амбасадата во Каиро, стапило во контакт со надлежните органи на земјата, од каде добиле потврда за трагичниот настан.
Нашите претставници се во постојана и непосредна комуникација со надлежните јужноафрикански власти како и со роднините на починатата, како во делот на утврдување на деталите така и околу организирањето транспорт на посмртните останки на починатата во земјава, информираат денеска од МНР.
Како што објавија дел од медиумите, Јанеска позната како Маја Миа била пронајдена почината во Јужна Африка. Тамошните медиуми, повикувајќи се изјавата од портпаролот на полицијата, информираа дека до мртвото тело на Јанеска имало оружје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.