По денешните консултации меѓу двете министерства за надворешни работи на Македонија и Бугарија, констатирано е дека одлуките на здравствените власти на Република Бугарија, за самоизолација на дел од Владиниот кабинет на Премиерот Петков нема да ја променат претходно договорената рамка за посетата на високата владина делегација на Скопје, соопштија од МНР.
Соодветно, информираа дека терминот 18 јануари, понеделник, останува како утврден датум за реализација на посетата, која се очекува да соодветствува и со изборот на новата Влада во земјава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.