На Бугарите им се допадна „досетката“ на Еди Рама, но на лојалните граѓани на Македонија воопшто. Без разлика на етничката припадност.

Млад правник од Скопје од албанска националност реагира на скандалот што го приредија Еди Рама и Димитар Ковачевски во Солун. Едниот што нè понижи, другиот што му даде димензија на срамот.

Еди Рама скоро на секој настан се поиграва со Димитар Ковачевски. На последниот настан на канцеларот Шолц вперувајќи прст кон Ковачевски му вика “future West Bulgaria”.

Таче можеби не е добар премиер, ама каков и да е ја претставува Македонија, нè претставува сите нас. Еди Рама додека се поиграва со него се поиграва со сите нас.

Недозволиво е потчинувањето кон премиер на земја со 5 пати помал извоз од Македонија.

Еди Рама ТРЕБА ДА БИДЕ ПРОГЛАСЕН ЗА ПЕРСОНА НОН ГРАТА.

А ако не се случи ова, Таче треба да си поднесе оставка за да не нè понижува повеќе, пишува Умејр Муамеди на Фејсбук.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.