Пратеничката Рашела Мизрахи остро реагира на отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола.

Во приквечерието на 15-ти Април започна Песах, историско-верски празник за Евреите кој го одбележува егзодусот на Евреите од Египет.
И баш во првиот ден на Песах се случува помпезно отворање на клуб на ,,културен” центар во Битола под име Иван Михаилов.

Станува збор за ,,културен” деец со 7 смртни пресуди и една пресуда за доживотен затвор. Значи, ништо од култура.

Станува збор за човек за кој Македонски народ не постои, нешто налик на дневно политичката реторика во регионов и денес. Па од таму ме збунуваат ,,европските” вредности на премиерот Петков кој пристигна да го поздрави настанот во Битола. Во име на добро соседството де!

Станува збор за човек кој бил во тесна соработка со разни фашистички структури, а сепак клуб на ,,културен” центар се отвора во град во кој поради фашистите денес нема ниту еден Евреин, и тоа баш на прв ден Песах.

Зарем ваква култура ќе натежнува на пепелта на Стив Наумов, Естреја Овадија-Мара, Елпида Караманди, Коле Неделковски, Тодор Ангеловски-Даскалот… и 3200 Битолски Евреи.

Колку е ова добрососедски и Европски не знам, ама дека наликува на една бааги НЕ-Европска реторика актуелна и разжарена периодов, тоа е сигурно.

Се враќаат ли нацистите и фашистите???

СМРТ НА ФАШИЗМОТ – СЛОБОДА НА НАРОДОТ!
ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!!!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.