Секогаш гледаме да добиеме повеќе информации за да оформиме мислење за некој случај, исто и за скандалозното убиство на Вања. А ние сме сведоци на затајување во функцијата на институциите, потоа неинформирање на јавноста и слично. Во Македонија станува збор за болна држава, а смртта е повеќе од извесна, владее неказнивоста и затоа доаѓа до вакви случаи како монструозното убиство на Вања, рече Рашела Мизрахи, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието на гостување во дебатната емисија на Телевизија 24.

Мизрахи посочи дека сите случаи како Беса транс, Ласкарци, модуларната болница во Тетово во кои одговорноста треба да ја понесе системот или конкретни институциите секогаш се обвинува опозицијата или ВМРО-ДПМНЕ, што е бесмислено.

Повеќе од небулозно е да се зборува кој треба да знае за ваков случај. Знаат се ама еве сега велат не знаат каде е лицето кое е прво осомничено. Но, она што е важно функционерите, надлежните да се одважат и да спроведат истрага, правдата треба да излезе на виделина, системот да профункционира, а виновниците да се кажат со име и презиме, кажа Мизрахи.

Мизрахи укажа дека како што треба да има име и презиме за убиството на Вања, исто треба да биде со секој случај во кој има пропуст, нефункционирање на институции и кога се случува немил настан и се осврна и на работата на Анкетната комисија за Онкологија на која таа беше претседател.

Функционалноста на Анкетната комисија зависи од лицата кои се дел од работата на истата. Заклучоците кои беа предложени од мене беа предлог заклучоци, а од СДСМ архивирано до мене доставија заклучоци, наместо предлог заклучоци, замислете не предлог како што доставив јас, туку доставија заклучоци. Дополнително бараа и оставка од претседателката на Анкетната значи од мене. Тоа веќе беше стадиум на изживување. Потоа во заклучоците кои ги доставија до мене тие бараа политичка одговорност од се, од ОЈО, бараа под итно ОЈО да ги расчисти работите, малтене политички притисок се врши врз обвинителството. Тие бараа политичка одговорност од закони, предмети, опрема, лекарства, ама никако од луѓе, кажа Мизрахи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.