„Господине Јовевски, јас не сум правник, ниту адвокат, ниту обвинител, ниту судија, ниту сум од Вашата фела. Меѓутоа како пратеник, а и како човек во одредена држава, се снаоѓам читајќи закони и движејќи се по законите. Е, сега во аналитика дадена од политички аналитичари и луѓе кои што работеле во обвинителство во други држави се вели дека криминалот во државата особено масовниот, организиран криминал го води Владата, а само од 2 до 3% велат од криминалните дејанија можат да бидат неконтролирани од Владата на одредена држава – тоа е цитат. Меѓутоа припаѓам и сакам да припаѓам на една нова генерација на политичари па тука ги има многу од сите пратенички состави на млади политичари, неизвалкани од минатото кои што не се дел од ниедна шема од минатото, не должат на никого ништо и заради тоа имаат право да бараат вистина, систем и држава“, истакна Рашела Мизрахи, пратеник и претседател на Анкетната комисија.
Мизрахи додаде дека Извештаи шестмесечни кои што треба надлежниот директор да ги достави до министерот за здравство не постојат.
Спомнавте закони дека задачата на Собранието ќе биде да донесе нови законски решенија. Закони има во оваа држава особено во здравство. Значи еден куп закони. Е, сега спомнавте исто така дека имаме нејаснотија во однос на реалните потреби, имавте емотивен говор, колку медикаменти за сите пациенти треба да се набават. Закони и реални потреби, епа вака господине Јовевски, утврдено е со записник, како и преку документација дека стручен колегиум, потврден преку закон за неговото постоење за да даден налог за кои медикаменти да се набавуваат и како ќе се користат и како ќе се аплицираат во една клиника дава стручен колегиум. Не постои. Протоколи за апликација на медикамент – биолошка терапија не постојат. Извештаи шестмесечни кои што треба надлежниот директор да ги достави до министерот за здравство не постојат, нагласи Мизрахи.
Таа посочи дека ФЗОМ правел инспекциски надзор со едно око подзамижено, па заради тоа никогаш не го информирал Јовевски, Јавното обвинителство.
МАЛМЕД никогаш ништо не видело во веледрогериите по прашање на колку, на какви медикаменти се носат и дали истите навистина се поклопуваат со материјалните картички за влез и за излез во Онкологија. Па, и тие не Ве информирале за ништо“, нагласи пратеничката.
„ДЗСИ правел инспекциски надзор на кои што видело протоколи кои што никогаш не постоеле. Па, дури и разгледувало по 20 случаи на пациенти кои што се терапирани по протокол кој што никогаш не постоел. Има закони во оваа држава и според тие закони ако прашувате која би била политичката одговорност, таа е строго дефинирана во Законот за организација и работа на органите на државата каде што стои делот министерство за здравство“, појасни Мизрахи.
Пратеничката рече дека се бара политичка одговорност, но по хронологија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.