Види Бујар, едно е да си домашен лажов, ама ти си од поодамна меѓународен лажов, му порача Ивор Мицковски на министерот за надворешни работи и функционер од ДУИ, Бујар Османи, кој денеска ја обвини опозицијата за лошите резултати во извештајот на ЕК, а тврди и дека музејот на УЧК во кумановско Сопот, пред кое стоеше споменик на Голема Албанија, не бил всушност музеј за УЧК.

Османи:
Опозицијата била крива за негативниот извештај на ЕК.
Музејот во Сопот не бил за УЧК туку за селаните од 1944, а внатре пун иконографија за УЧК, Ахмети и Голема Албанија.
Види Бујар, едно е да си домашен лажов, ама ти си од поодамна меѓународен лажов.
А човек лаже од страв и малициозност, свесен дека за секоја постапка, кога тогаш следува одговорност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.