Си зголемија плати и бенефиции, си купија коли и патишта, си појачаа патни трошоци, изглумија двеста инвестиции и отварања фабрики, си присвоија секаков криминал и рекет, си намалија казни и донесоа амнестија, си подготвија терен за утре сите заедно неказниво да владејат, коментира аналитичарот, Ивор Мицковски.

Во меѓувреме дозакопаа Здравство и Образование, распродадоа национални интереси, дозволија етничко дивеење и странска пенетрација, уништија земјоделство, упропастија пензинско, се испозадолжија, анулираа парична вредност и натераа четврт народ да се испосели.

 

Ете, тоа е успехот од менувањето на еден режим со режим на неспособност и вечен криминал.

 

Они во ЕУ, како слуги на странски интереси, ние во секојдневната бедотија исполнета со скандали, мизерија и бесперспективност, пишува Мицковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.