Гори Универзална, гори Македонија, земјата е во постојана узбуна! Македонија гори ама на тивок жар, веќе 30 години, пишува на Фејсбук политичкиот аналитичар Ивор Мицковски.
Оттука нема никаква узбуна, тоа е нашата проклета нормалност.
Нормалноста е дека за најсекојдневни потфати, за најобични комунални или општински зафати, за просто оддржување на услугите или објектите за кои граѓаните плаќаат данок, тие на власт само ги запуштаат, уништуваат, грицкаат и оставаат во тотална грижа додека не се распаднат или запалат.
Вистинската узбуна е оваа незапирлива и неподнослива, хронична негрижа и неспособост за се што ги тангира или им е значајно на луѓето.
Овој дилентантизам од ненаситните лопови, полни усти самопофалби и лажни ветувања мора да прекине, пишува Мицковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.