Еве ги сликовито претставени петтоколонашите на државата. ДУИ кои вчера не постоеја да честитаат 11 Октомври, на 12-ти седат со бугарскиот амбасадор и му зборат како требало Бугарите да влезат во Уставот, му се жалат и си ја пљукаат државата која ги напраи милионери, вели Ивор Мицковски во објава на „Фејсбук“.

Оние што ни го начукаа и сработија за Бугарија со прифаќање секакви бугарски барања, оние кои не почитуваат ништо од мнозинскиот народ на земјата, оние кои 20 години не делат и плачкосуваат, продолжуваат да работат против Македонија. Треба да сфатат, благодарение и на распадот на СДСМ, дека се додека не почнат да мислат и на интересите на Македонците и Македонија, нема да дојдат повторно до власт. А би било добро и да завршат во затвор.Тоа треба да е новиот Устав…, пишува тој во објавата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.