Џабе ви е ПР-от, особено личен, кога не можете една работа дома да средите за народот, државата или градот, му порача активистот Ивор Мицковски на власта, особено на премиерот Димитар Ковачевски, коментирајќи ги парите кои тој ги потрошил на реклами и спонзорирани објави на социјалните мрежи.

Премиерот вика не биле државни пари 30+ илјади € фрлени на инста и фејсбук.
Тоа е тешко за верување кога уште плаќаат армија ботови преку скриени договори, кога вработуваат свои фотографи и пиаровци за да ги поклопат медиумските објави.
Ко оној идиотон од Струмица што правеше керефеки и се маскираше во Тито покрај Хитлер, Сталин и Гедафи, а еден дожд го поплави целиот град.
Поуката е дека џабе ви е ПР-от, особено личен, кога не можете една работа дома да средите за народот, државата или градот, вели тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.