Дебаклот на парламентарни ќе биде уште поголем, анализира Ивор Мицковски по резултатите од првиот круг на претседателските избори, во кои кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давковска води со над 160 илјади гласови пред кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски.
Вмро добива класична частенка, која иронија, ама овие не само што нагазија на криминал, туку класично се самоубија.
Вмро ќе може да владее со албанска опозиција, особено што ДУИ напраи преседан и го прекрши принципот – победник со победник.
Вмро се наметна дискретно и на темата владеење на право, криминал и корупција и тука, ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто макар и на ниво перцепција ќе газат со години.
Ако се заебат, што е многу веројатно, тогаш тек ќе дојде трета опција (ако дозволи клиентелизмот) само на основа Law and Order и ќе ги збрише сите.
Така да, памет у глава…, вели тој.
На крај Мицковски потсетува и на камањата на СДСМ со која им се закануваа на граѓаните дека ако не гласаат ќе се врати ВМРО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.