Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по повод на Денот на жената – 8 Март, порача дека жените се столбот на едно семејство и на секое општество. Нивната истрајност и сила се симболот на животот. Затоа ја заслужуваат сета почит на светот, не само на овој ден, туку секој час и секој миг од годината.
Тие се рамни на мажите, а во некои случаи покажале многу поголема храброст и мудрост. Вредноста на едно општество се мери во тоа колку тоа општество е еднакво и дава еднаква можност на сите без разлика на полот, верата и било која припадност. Нашата цел е токму таква Македонија да изградиме, Македонија во која мажите и жените ќе бидат рамноправни и рамноправно ќе се борат за своето место под сонцето, за себе и за својата татковина.
Жената е пример за тоа како се сака и се жртвува една личност за своите животни цели. Жената во Македонија е хероината на денешното време која знае да се бори и таа борба е безрезервна. Пред тоа човек може само да симне капа и да го следи нивниот пример.
Нека е честит 8-ми Март, нека ви е исполнет со радост, успеси и сила секој ден во вашиот живот, вели Мицкоски во својата порака.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.