Жално е да се гледа на какви ниски гранки падна СДСМ и се доведе себе си под својот минимум што го покажуваат и анкетите. Си ја руинираа партијата поради недоследните политики. Уште пожално е како ги молат од ДУИ да коалицираат со СДСМ само да го ублажат својот пораз, вели лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за „Прес24“.
Практично се сведоа на тоа ДУИ да е спасителот на СДСМ и се крстат во нив. ДУИ во носењето на оваа одлука треба да мисли на својата иднина и ако се доследни тогаш треба да се стави крај на непринципиелните коалиции. Што се однесува називот европски фронт, би рекол дека најголеми непријатели на европската идеја се токму СДСМ и ДУИ. Кој од народот ќе поверува во тоа дека истиве се европејци, а приватно договараат тендери и како тапкароши крадат од најмалите службеници до најголемите директори. Навистина е европејски што дури и оглас за дрвосечачи на Македонски шуми го местат па бараат Албанци за ова работно место во Кавадарци и Паланка. Па од авион се гледа што прават. Или вистински европејски вредости се тоа што при огромен скандал со цитостатици на Онкологија, нема ниту официјална истрага, не пак обвинение. Или тоа што претседателката на Врховен сакаат да ја разрешат затоа што не послуша насока од власта. Тоа се тие критериуми кои се се друго, само не европејски вредности, вели Мицкоски во интервјуто.
Целиот разговор ТУКА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.