Во однос на иницијативата за Законот за јазиците што треба да ја разгледа Уставниот суд, Мицкоски повтори дека станува збор за судска одлука и дека секој треба да ја почитува. Да почекаме да се произнесат, да не се врши пристисок врз судските истанци, рече Мицкоски.

– Законот е поднесен во рамки на Уставниот суд. Да почекаме да се произнесе. Не знам зошто се прави овој притисок. Јас разбирам дека ДУИ, луѓето кои изминативе 20-ина години заробија низа од институциите, од голтари станаа милионери, ќе се обидат да манипулираат дел од нашите сограѓани со етнички теми, па некои од нив се дрзнаа дури и со верски теми да собираат, да манипулираат и ова им е одлична тема на тој начин да манипулираат. Но, тоа што го направиле тие е прашање на кое што тие треба да одговорат. Затоа, би апелирал до јавноста да не вршиме притисок на судските истанци, да не вршиме притисок на Уставниот суд, да почекаме Уставниот суд да се произнесе. Не сакам да верувам дека постои граѓанин во Македонија којшто нема да почитува судска одлука. Ние сме држава која што се темели на владеење на право. Може да се подобруваат и носат нови закони, може се да се прави, но во рамки пред се на Уставот и интересот на граѓаните. Вистинското прашање е зошто тие што го донеле тој закон потенцијално донеле закон којшто е неуставен, а вратете се назад и погледнете го мислењето на Венецијанската комисија и уште тогаш ќе го добиете одговорот на оваа дилема, изјави Мицкоски



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.