Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва на гостувањето во „Клик Плус“ на ТВ21 кажа дека во изминатите четири години државата била блиску до предвремени избори, но поради еден пратеник (н.з. Кастриот Реџепи), не дошло до ново парламентарно мнозинство. Мицкоски вели дека сега тој пратеник е оставен сам и владеачката структура се откажала од него.

„Колку порано заминеше оваа влада, толку ќе беше подобро за државата и граѓаните. Работа на опозицијата е да бара избори. Но, ние го немавме тоа мнозинство. Бевме блиску, но еден пратеник душата, срцето го бараше во Вашингтон и така натаму, за на крај тие кои го заштитија, на крајот го остават сам и го пуштија, но тоа е друга тема и тоа зборува за карактерот на оние кои го манипулираа тој човек. Бевме блиску, но не успеавме, но треба да се каже дека јас како претседател на ВМРО-ДПМНЕ барав избори кои ќе се одржат претседателски и парламентарни во ист термин, и тоа се случува. Вториот круг на претседателските и парламентарните избори се во ист ден. Немаме одвоени избори како што беа најавите од владеачкото мнозинство“, рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.