Премиерот Христијан Мицкоски ќе се сретне со министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски за да разговараат за најавените промени во составот на комисијата за историски прашања.

Има некои идеи и размисли. На следната владина седница или по неа ќе помине новиот состав на комисијата која преговара со нашиот источен сосед, па и со нашиот јужен“, рече Мицкоски одгоаварајќи на новинарско прашање.

Премиерот претходно најави нов состав на комисијата. Според него, актуелните членови од македонската страна не ги оправдале очекувањата и не ги штителе националните интереси.

Комисијата беше формирана во 2017 година по потпишувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија. Досега се усвоени препораки за заедничко чествување на Кирил и Методиј, , Климент и Наум Охридски и Цар Самуил и пет препораки за измени во учебници во Македонија и во Бугарија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.