Владејачката ВМРО-ДПМНЕ нема да ја поддржи иницијативата за интерпелација на собранискиот спикер, Африм Гаши, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Како што додаде тој, од партијата имале голем број аргументи за донесување на таквиот став. Иницијативата ја нарече глупава и незрела.

„Ова е незрело, би рекол глупаво однесување на коалицијата СДСМ, ДУИ и Левица и дека апсолутно нема никаков основ за интерпелација на спикерот Гаши и ние нема да ја поддржиме таквата иницијатива и имаме голем број аргументи зошто тоа не треба да го направиме“, рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.