Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање, да ги коментира реакциите од официјална Атина и најавите од грчкиот премиер, Мицотакис, дека прашањето за употребата на нашето уставно име би можело да биде отворено на престојниот самит на НАТО рече:

„Не очекувам талибански однос, цензурирање на елементарно човеково право, а сѐ што е содржано во Преспанскиот договор и е дел од нашиот правен систем и уставен поредок идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го почитува…предлог законот што денеска го поднесуваме е со придавката. Но, мое човеково право, загарантирано со многу конвенции е правото на изразување и говор. Јас не им се лутам на политичарите кога не го кажуваат целото и потполно име на нивната држава, туку крајот или дел од тоа име. За мене, мојата татковина, во секоја моја изјава е Македонија и ќе остане Македонија“, рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.