Чест и задоволство е да бидам дел од овој настан што се случува денеска во Штип. Како што кажа и градоначалникот, ова е одлична можност и за штипјани, но и за луѓето од регионот да можат дел од своето слободно време да го поминат овде во оваа сала, да изгледаат проекција на некој филм кој е современ, кој ќе им причинува задоволство, порача од Штип претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Можам да кажам дека, овде во Штип се случува градежна револуција, денеска не само овој објект кој го гледате, кој е пуштен во функција, туку отпочнува градбата на катната гаража која исто така е значаен објект за штипјани бидејќи на тој начин се намалува метежот во сообраќајот и ќе може да биде порастеретен сообраќајот што ќе значи поголем комфор за штипјани. Јас само можам да му посакам на Иван Јорданов, на луѓето, на советниците, на администрацијата, на пратениците од Штип да продолжат вака да работат, бидејќи само на овој начин се покажува разлика помеѓу политичари како овие од владата кои континуирано крадат и лажат и не реализираат тоа што го ветиле пред граѓаните, и градоначалниците кои доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата кои тоа што гои ветија за време на кампањата на локалните избори во 2021 година го реализираат – истакна Мицкоски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.