Денеска 08.03.2024 година претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со делегација предводена од потпретседателите Тимчо Муцунски и Александар Николоски како и стратешкиот соработник за меѓународна политика, Викторија Трајков се во посета на Виена, Република Австрија.
Во текот на денот тие ќе остварат средба со Каролина Едстадлер, сојузна министерка за Европа и Устав на Република Австрија, потоа со Мајкл Отер, претседател на Стопанска Комора на Австрија и Александер Шаленберг, министер за надворешни работи на Република Австрија.
Исто така претседателот Мицкоски со делегацијата денес ќе остварат и средба со македонските иселеници кои живеат во Австрија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.