Премиерот Христијан Мицкоски денеска е во посета на Охрид каде ќе промовира започнување на значајни проекти ветени на граѓаните.
Ветивме и остваруваме камен темелник на спортска сала во Лескоец. Спортската сала е во рамки на ОУ Ванчо Николески. Ветувана е повеќе од 30 години. Објектот ќе биде 592 м2, во себе ќе вклучува покрај повеќенаменско спортско игралиште, тоалети и соблекувални. Димензиите на игралиштето ќе бидат 37х16 метри, што во целост ги задоволива потребите на учениците од ова ОУ. Инвестицијата е вредна 30 милиони денари.
-Целосна реконструкција на ул. 7ми ноември, (влез на Охрид од кај Битола). Целосна реконструкција на коловозните и тротоарски површини, изградба на нова велосипедска патека, изградба на атмосферска канализација во должина од 700м. Вкупната вредност на проектот е над 43 милиони денари.
-Изградба на деттско повеќенаменко спортско игралиште во населба Видобишта. Овде е опфатена изградба на целосно ново детско игралиште со специјализирана гумена подлога од 230м2. Игралиште (фудбалско и ракометно) на површина од 1320м2 исто со специјализирана гумирана подлога
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.