Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека тие прифаќаат работни групи за утврдување на датумот за одржување на изборите во 2024 и бара тие што поскоро да се сретнат.
Димитар Ковачевски води некоја чудна „мачо“ игра, која навистина не ја разбирам, не знам кој е тој кој го советува дека сега е моментот да биде мачо да каже дека нема предвремени избори, јас кажувам дата, верувајте се нека каже тој. Не сакаше лидерска средба, добро, сакаше работни групи, во ред еве прифаќаме работни групи. Сега ја одогловекува целата оваа ситуација не знам од кои причини. Првиот момент кога од другата страна ќе добиеме сигнал или од Талат Џафери ќе добиеме сигнал ние сме подготвени да номинираме претставници, коишто ќе бидат дел од овој процес – вели Мицкоски.
Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Мицкоски посочи дека се спремни за предлозите од СДСМ за разговор околу изборите.
Како што ќе каже Ковачевски за датум и ден, само нека се сретнат работните групи и нека разговараат. Тоа што они ќе го предложат, тоа ќе го разговараме – вели тој.
Мицкоски смета дека работните групи за изборите мора да се сретнат со цел да ги дефинираат процесите, бидејќи изборите се исклучително важни за иднината на Македонија.
Посочи исто така дека имаме проблем со Државната изборна комисија која, според него, не работи согласно Законот, бидејќи во моментов работи со шест членови. Согласно Законот, вели тој, јасно е и дефинирана структурата на ДИК, четири члена се на власта, а три члена на опозицијата.
Ние имаме два члена на опозицијата и што прави власта, опструира номинирање на член од опозицијата – вели Мицкоски.
Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Мицкоски при денешната посета на Општина Гази Баба апелира на разум и пораа дека прашањето околу изборите и изборот на член на ДИК не е „мачо“ игра, во којашто некој треба да покажува колку има силни мускули.
Еве им признавам дека победија, нема предвремени избори, редовни ќе бидат изборите, вели Мицкоски, по посетата на Општина Гази Баба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.