Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во „Клик плус“ на ТВ21 ги кажа прогнозите за престојните парламентарни избори.
„Секој кој учествувал на ваков тип споени избори, парламентарни и претседателски, тогаш знае колкав е предизвикот, и каков е тој процес и еден од друг причинско последично е поврзан. Очекувам добар, одличен резултат во првиот круг, кој би создал еден бран и потоа во вториот круг не би изненадил ако му донесе на ВМРО-ДПМНЕ број на пратеници кои ќе бидат мнозинство. ВМРО-ДПМНЕ меѓу 53-54 пратеници, СДСМ меѓу 26-28, меѓу 10-12 делат политичката партија Левица и ЗНАМ, и останатите плус минус два пратеника кои ќе ги освојат албанските политички субјекти“, рече Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.