Ми претставува секогаш задоволство да се биде дел од една успешна приказна, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при денешната посета на Кисела Вода.
Овде во Кисела Вода можам да кажам и Орце и советот кој ја поддржува работата на Орце и пратеничката во парламентот и администрацијата во општина Кисела Вода кои што во минатото не биле правени, а кои што биле потребни за граѓаните во Кисел Вода. Ја користам оваа прилика на Орце да му честитам на советниците, на пратеничката, на администрацијата за сето она кое што го прават во Кисела Вода имајќи во предвид дека сепак се соочуваат со лимитирани услови за работа, од една страна тоа не го спомена градоначалникот кога ја презема позицијата градоначалник тука имаше голем долг, кој што постепено се врати, мислам дека и целосно е отплатен целосно. А истовремено паралелно со тоа се соочува со притисоците кои што доаѓаат од владата, бидејќи е градоначалник кој што доаѓа од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и победува, рече Мицкоски пред новианрите.
Потенцираше дека таму каде што има градоначалници од редот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, администрација, мнозинство во совет, владата на СДСМ и ДУИ не бира средства како да вршат притисок и да ја попречуваат работата, но дека тие и покрај сето ова успеваат да најдат начин да реализираат бројни проекти и како што кажа самиот градоначалник веќе 90 проценти од кампањата која што беше дел од програмата во 2021 година е реализирано.
Добрата вест е што за неколку месеци од денеска е што ќе имаме влада која што ќе е предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ќе има многу средства за реализација на проекти овде во Кисела Вода. Средства кои што доаѓаат директно од централната влада, како што веќе во многу наврати кажав повеќе од 250 милиони евра годишно или за еден четири годишен мандат 4 милијарди евра, идната влада на ВМРО-ДПМНЕ планира да реализација од централниот буџет кон општините и да реализира инфраструктурни, капитални проекти за општините. Проекти кои се однесуваат пред се на инфраструктурата, канализација, водовод, асфалт, училишта, градинка и друг тип на капитални инвестиции кои се потребни за граѓаните.
Овде во Кисела Вода ќе бидат испорачани до 10 милиони евра годишно или за еден четири годишен мандат до 40 милиони евра, кои што општината ќе ги сработи и потоа по формирањето на новата влада започнуваме со реализација на истиот. Мислам дека еден ваков инвестициски циклус до сега ниту општината, ниту Македонија на локално ниво има видено. Тоа се средства надвор од буџетот кој што го има општината.
Така што уште еднаш на крај ќе ми дозволите да честитам и на Орце и на советот, на Иван како претседавач на пратеничката Бети, на сите оние кои се дел од администрацијата, на луѓето кои што помагаат и се дел од оваа успешна приказна. Ова е пример како од ништо се прави нешто, односно како од добра, од чесна, храбра работа и покрај сите притисоци да испорачаат задачи, порача денеска Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.