Посебно е шокантна состојбата бидејќи во екот на туристичката сезона буквално е затворен влезот во најголемиот туристички центар во Македонија, Охрид. И тоа што го прави владата само покажува дека станува збор за ненародна влада, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како коментар за одлуката за затворање на влезот на Охрид.
Мицкоски посочи дека владата на ДУИ и СДСМ ги казнува граѓаните бидејќи на локалните избори во 2021 година дале огромна поддршка за Кирил Пецаков и ВМРО-ДПМНЕ.
Владата во сред туристичка сезона ги казни охриѓани за тоа што на локалните избори во 2021 година дадоа огромна поддршка за Кирил Пецаков и за ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните не се виновни што тие се криминални политичари и што оваа влада предводена од ДУИ а поддржана од помалиот коалициски партнер СДСМ се криминалци и што народот сака што побрзо да си заминат и никој од нив не е виновен затоа што овие луѓе се тотално неспособни. И сета своја неспособност, гнев и обид да му се реваншираат на народот во Охрид тие го покажуваат сега на отворена сцена затворајќи го влезот во нашиот најголем туристички центар Охрид во екот на туристичката сезона, рече Мицкоски.
Тој нагласи дека владата на СДСМ и ДУИ е влада полна со гнев и се одмаздува кон граѓаните и затоа на следните избори ќе доживее дебакл.
Ете со таква влада ние денеска имаме работа. Влада која што е целосно полна со гнев и влада која што им се одмаздува на сопствените граѓани затоа што дебакл ќе доживее на следните парламентарни избори, дециден е Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.