Уставните измени за граѓаните не се реален проблем и не може да се случат со сила, а предлогот на вицепремиерот Груби на иста седница да се гласа промена на уставот па распуштање на Собранието е неприфатлива, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој Не гледа причина повторно да седне на иста маса со премиерот Ковачевски за консулации околу вметнување на Бугарите во Уставот, бидејќи тоа веќе било апсолвирано на лидерската средба во ноември минатата година. Според Мицкоски решение се предвремени избори без техничка Влада.
По обвинувањата од СДСМ дека пред амбасадорите ветувал уставни измени ако дојде на власт, претседателот на опозициската партија негира и ги повика и амбасадорите во земјава да дадат одговор на наквите наводи од владејачката партија.
Повикувајќи се на последната анкета на Институтот за демократија во која 65 отсто од граѓаните одговориле дека се против промена на Уставот, Мицкоски вели дека тоа е реалната состојба, за која власта треба да има слух и да се откаже од намерата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.