При денешната посета на општина Охрид, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на најавата на власта за работни групи за уставни измени и дали смета дека тој процес треба да продолжи истакна дека уставни измени во овој пратенички состав под Бугарски диктат и во овие околности нема да има, а за сето ова што го прави власта ќе има и одговорност веднаш откако новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја преземе одговорноста во владата.

Уставни измени во овој пратенички состав под Бугарски диктат и во овие околности нема да има. Тоа што го прави власта е процес кој што на крајот ќе се удри во ѕид, односно ќе заврши неуспешно. Бидејќи ние предупредуваме веќе подолго време ако се сеќавате откако во јули минатата година во 2022 година одлучија да го направат тоа што го направија предупредивме дека тоа што го превземаат како обврска од името на сите нас, не само што немаат кредибилитет туку и не можат физички да го поминат – истакна Мицкоски.

Тогаш се сеќавате правеа некакви реминисценции и потсетувања од времето на Преспа но ги предупредивме дека е друго време дека ова не е времето кога можеа да се договараат со одредени уценети политички поранешни структури кои што за жал функционирале во ВМРО-ДПМНЕ. Такви нема сега повеќе. Затоа ги предупредивме тоа да не го прават но за жал тоа го направија, потоа ако се сеќавате велеа ќе се отпочне процесот септември – октомври 2022, тоа не се случи потоа велеа кон крајот на годината декември, тоа не се случи па потоа го префрлија тежиштето во февруари, помина и февруари сега го префрлаат тежиштето на мај јуни еве јас ви велам дека тоа нема да се случи.

Тоа нема да се случи ниту во мај ниту во јуни затоа што ние имаме принципиелен став од самиот почеток, создадоа проблем кој што не можат да го решат создадоа проблем кој што сите ние го имаме, и ако продолжат дополнително да го комплицираат ќе се треснат сите во една мртва улица но за жал тоа ќе биде еден огромен проблем за сите граѓани и за Македонија како држава, но јас еве ви ветувам дека за сето ова што го прават ќе има и одговорност веднаш откако новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја преземе одговорноста во владата – нагласи Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.