Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски после денешната средба со Занаетчиската комора Скопје, одговарајќи на новинарско прашање за тврдењата на власта дека пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат за уставните измени, истакна дека таа тема е затворена и единствената работа која во моментов е на маса е да се договори терминот за следните парламентарни избори.„
Власта година дена се занимаваше со оваа тема, а јас таа тема ја затворив јавно, но очигледно еве ќе треба повторно да повторувам работи коишто веќе сум ги кажал многу пати во минатото.
Измина повеќе од една година, тие велеа дека јас сум проблемот, политичарот Христијан Мицкоски го имаа на маса, имаа година дена време да најдат еден којшто ќе гласа за уставните измени. Имаа неколку решенија коишто им ги понудив изминативе година дена и сите ги одбија и сега имаат на маса само една работа, а тоа е да седнеме и да се договориме за терминот за следните парламентарни избори“, истакна Мицкоски и додаде:„Се останато е во делот на рибарските приказни, односно лагите и фантазијата на овие луѓе коишто уште малку време ќе бидат дел од македонската влада“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.