Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во својот говор на денешниот настан по повод 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба и 130 години ВМРО, насловен „Традиција која обврзува за иднина која доаѓа“, истакна дека Одвратно и со мачнина е за гледање е сликата со која ја уништуваат правдата, и тоа оние кои скокаа на ладата и збореа за правда кога беа опозиција.
Мицкоски потенцираше дека во овој момент во Македонија нема вистинска одговорност и овие 30 години не одговарал ниту еден бандит кој на грбот на овој народ се збогатил.
– Судиите од тефтерчињата станаа нивни слуги, но само треба да знаат, гледајќи ја нивната лукавост, дека нема во новата влада на доаѓање на ВМРО-ДПМНЕ да најдат нова прегратка, туку и тие ќе се соочат со правда. Може криво да седат, ама требале право да судат. Срамот и вината за секоја неправда е на оваа власт, истакна Мицкоски.
Мицкоски додаде дека затоа важно е да се бориме за неселективна правда, за вистинска правда која ќе биде за секого.
– За секој еден човек во Македонија. За правда која ќе го заштити народот од неправда, каде ќе профункционира судството и обвинителството. Каде ќе има страв од казна и законот ќе важи за секого. Член на ВМРО-ДПМНЕ бил или на друга партија ако стори криминал ќе одговара, изјави Мицкоски.
Мицкоски посочи дека оваа влада ја елиминира правдата со неправда.
– Јустиција која е римска божица на правдата и нејзиниот лик често се користи како алегорија или олицетворение на моралните вредности во правниот систем е целосно девастирана. И зариваат нож на правдата иако дојдоа во фотелјите со нема правда нема мир, изјави Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.