При посета на општина Ѓорче Петров, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на коментар за преписките со Груевски и што е позадината на тоа, истакна дека сценариото на оската ДУИ-СДСМ и дел од структури на поранешното раководство во ВМРО-ДПМНЕ нема да помине, и дека уставни измени под бугарски диктат нема да има.
Па јас тоа што имав да кажам поврзано со Никола Груевски го кажав јасно и гласно и немам што повеќе на тоа да додадам, она што можам да го кажам е дека наивно е да се верува дека ова станува збор само за едни обични криминални измени во кривичниот законик. Ова е многу повеќе од тоа, ова беше едно сценарио кое што го подготвуваше оската ДУИ – СДСМ и структури, дел од поранешното раководство во ВМРО-ДПМНЕ.
Ова беше смислено сценарио за најпрво да се обезбеди мнозинство со коешто ќе се гласаат уставните измени според бугарскиот диктат. Откако видоа дека тоа нема да се случи, бидејќи јасно беше гласањето од оние 44 пратеници од коалицијата, тоа се сите пратеници од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Парламентот, тогаш вториот чекор во којшто инвестира власта или оската СДСМ, ДУИ и дел од поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, тоа беше да се спушти потенцијалот на ВМРО-ДПМНЕ. Тие би биле најсреќни ако тој биде некаде околу 50 пратеници бидејќи сега знаат дека сме многу блиску до мнозинство во Парламентот и на тој начин при формирањето на новата влада да се уценува ВМРО-ДПМНЕ при формирањето на таа влада да го прифати бугарскиот диктат.
Она што можам јас да го кажам е дека ниту сега, ниту во иднина, дека додека сум јас претседател на ВМРО-ДПМНЕ, по цена и на тоа да ВМРО-ДПМНЕ и во иднина ги брани овие позиции, нема да го прифатам бугарскиот диктат и овие услови коишто ги нуди оваа оска помеѓу СДСМ-ДУИ и дел од поранешното раководство, а сега колумнисти, на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа треба на секого да му е јасно дека такво нешто ниту ќе се случи сега ниту пак во иднина“, нагласи Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.