Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека Собранието може да ја продолжи важноста на пасошите „Република Македонија“. Тој во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека ова не е политичка волја, туку физика е во прашање.

„Тоа зависи од нас, а не од Преспанскиот договор… Јас да бев на местото на раководството на Грција, премиер, претседател, министер можев многу елегантно да ги освојам симпатиите на граѓаните и да не дозволам ова да се случува затоа што не е политичка волја, физика е во прашање“, вели Мицкоски.

Вели тој да бил на нивно место ќе се согласел уште една година да важат патните исправи со старото име.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.