Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја повтори поддршката за бранителите и посочи дека претседателката на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади Илире Даути треба да го стави на дневен ред Предлог законот за бранители.

Одговарајќи на новинарско прашање дали законот за бранители ќе биде ставен на седница на Комисијата за труд и социјална политика, упати на одговор кај претседателката на Комисијата, Илире Даути, пратеничка од опозицискиот Европски фронт.

За тоа ќе ја прашате Илире Даути. Треба да го стави – рече Мицкоски.

За поддршка на законот, како што изјави, не разговарал со коалициските партнери „Вреди“.

Не сме разговарале на таа тема, многу јасно сме го соопштиле нашиот став во минатото. Бранителите ја имале, ја имаат и ќе ја имаат мојата поддршка – изјави Мицкоски.

Законот за бранители, на предлог на пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска, доби поддршка да се носи по скратена постапка во рамки на 14. седница на Собранието. лв



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.