Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Александар Николоски, остварил средба со амбасадорката на Германија во Република Македонија, Петра Дрекслер.

На средбата стана збор за одличната соработка која Македонија и СР Германија ја имаат, особено на полето на економијата. Германија е најголем трговски партнер на Македонија, а Германските инвеститори се едни од најзастапените странски претприемачи во Македонија. Таа соработка треба да продолжи и понатаму и истата уште повеќе да се унапредува, особено на полето на економијата, но и образованието, поле на кое Македонија треба посеветено да работи. Без квалитетно образование, нема квалитетна иднина, а од Германија на тоа поле може да се научи многу.

 

Воедно од Германија доаѓа и Фондацијата Конрад Аденауер, која е голем партнер на ВМРО-ДПМНЕ и значаен чинител во борбата за подобрување на системот во Македонија преку бројни проекти за унапредување на демократијата, вели Мицкоски за средбата.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, додава дека дека на разговорите со германската амбасадорка констатирале дека Македонија и Германија во својата соработка бележат само позитивни резултати, кои се од бенефит за двете држави.

Изразив желба за уште поголема соработка, и побара уште позасилена поддршка од Германија за Македонија, додава Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.