Како влада направивме неколку грешки, кои не беа катастрофални, но го слушавме гласот на народот и навреме се коригиравме, рече премиерот Христијан Мицкоски во своето излагање по повод 100 дена од владеењето.

Секој што работи понекогаш знае и да погреши и тука не треба да се земе за зло доколку се коригираме…лошо е ако имаме мислење и чувство дека сѐ знаеме и дека гласот на народот воопшто не е важен. Тогаш грешиме. Мислам дека како влада, во изминатиот период направивме по некоја грешка. Ниту една не беше катастрофална, но секогаш, без исклучок се коригиравме и реагиравме навремено, како што доликува на една народна влада – рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.