Челниците на ДУИ на секаков начин иницираат други теми, за да ја дефокусираат јавноста од нивниот криминал, рече ремиерот Христијан Мицкоски во интервјуто за Радио Телевизија Косово.

Оние кои купуваа трговски центри, оние кои имаат милиони евра во возен парк и оние кои не знаат што да прават со парите, сега тие се вознемирени, не знаат како да го заштитат капиталот, а правдата е спора и се доближува до нив. И сега се прават маченици, за кога ќе им тропне полицијата да речат дека се апсат поради јазикот, а украле десетици милиони евра, рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.