Се обидуваме да се вратат и граѓаните да добијат врвна здравствена услуга по конкурентни цени, вака накусо премиерот Христијан Мицкоски денеска одговори на новинарско прашање околу неговата вчерашна средба со раководството на компанијата „Рош“.
Во напредна фаза сме, станува збор за една од првите три компaнии во светот која тука одреден период не беше присуtна. Конечно, се обидуваме да се вратат и граѓаните да добијат врвна здравствена услуга по конкурентnи цени. Тоа не значи дека ќе го намалиме обемот на средства што ќе се инвестираат. Обемот ќе остане ист, поентата е во намалувањето што ќе го добиеме, да го зголемиме бројот на осигурениците кои бесплатно ќе ја користат таа услуга. Се обидуваме со стратегија, директно во разговори со големи гиганти и производители на лекови, да обезбедиме конкурентни ниски цени, да не биде како до сега, цените да се зголемуваат, па да се празни Фондот – објасни Мицкоски.
Тој потсети дека на почетокот од мандатот, оваа Влада ја прошири позитивната листа со лекови.
Заштедивме неколку милиони евра на граѓаните. Лично сум вклучен во делот на здравството и следниот период ќе работиме на подобрување на услугите, но и на условите за работа на здравствените работници. Почнавме темелни преговори со синдикатите. Неделава очекуваме напредок, за кон крајот на неделата да излеземе со уште едно решение за проблемите напластени со годините. Целта е граѓаните да добијат врвни здравствени услуги – повтори Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.