Разговараме со многу политички партии, нашата стратегија е јасна. Ние формиравме Комисија за преговори со политичките партии и таа беше поддржана и изгласана и од Извршниот и од Централниот комитет. Планираме прво да разговараме со политичките партии од постојната Коалиција и тоа ќе се случи во првата половина на февруари, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашното гостување на 24 Анализа што се емитува на Tелевизија 24

Потоа, додаде Мицкоски, ќе разговараме со сите партии кои имаат желба, намера да пристапат кон ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа ценам дека би требало да биде во втората половина на месец февруари. Во март да ја затвориме структурата на Коалицијата со која ќе настапиме на следните претседателски и парламентарни избори. И потоа официјално да почнеме кампања – кажа Мицкоски.

Мицкоски информираше дека отприлика ова е тоа што го планираат.

И очекуваме со нашите сегашни и идни партнери да размениме идеи, да настапиме со документ и таа програма со која ќе излеземе на избори ќе биде и владина програма – рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.