Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на трибина во Делчево истакна дека повеќе од 80 проценти од македонскиот народ е против прифаќање на како што вели, бугарскиот диктат, и дека партијата нема да се согласи за промена на Уставот под овие околности ни сега ни во иднина. Во својот говор Мицкоски најави дека ќе присуствува на најавената лидерска средбата зошто смета дека е потребно да се учествува на средби кога е во прашање државата.

„Овие денови најавија лидерска средба. Немам да бидам искрен ако кажам дека имам голема надеж, иако ќе присуствувам на средбата, затоа што секогаш кога се разговара за иднината на Македонија, сметам дека е потребно да се учествува. Воедно, на таа средба, сакам премиерот да биде свесен за времето откако уставните промени ќе пропаднат“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Делчево.

-Воедно, сакам премиерот Ковачевски да е свесен за времето кога договорот ќе пропадне, бидејќи дојде време кога некој сака да го негира нашиот јазик, нашата историја нашето постоење и тоа ни повеќе ни помалку тоа негирање е од земја членка на ЕУ. Никој не може да ме убеди дека подобар договор не можеше да се направи. Знам дека може поинаку може подобар договор, но знам и дека ваква неспособна Влада не сме имале досега, рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.