Ние излез од оваа ситуација во која се наоѓаме гледаме во предвремени парламентарни избори. Ова го порача лидерот ан ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбата со претставници на Стопанската комора на Северозападна Македонија.

Се наоѓаме во услови на голем криминал, голема корупција, неспособност, немање реформи, Влада која не може да испорача и единствено логично решение гледаме во предвремени парламентарни избори“, рече Мицкоски.Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека во исто време потребно е да се интервенира и во Изборниот законик.„Потребно  е распуштање на парламентот, интервенција во Изборниот законик, бришење на техничка влада и избори на есен“, посочи Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање дали изборите се решение.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.