Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва во „Клик Плус“ даде прогноза за изборите, и предвидува дебакл на СДСМ на изборите, и дека оваа партија ќе има под 200.000 гласови.
„Последната информација која ја добив е дека претседателот на СДСМ кажал дека Радмила Шекеринска ќе биде кандидат за претседател. Имајќи во предвид дека Радмила Шекеринска како претседател на СДСМ го имала убедливо најслабиот резултат кој го имала СДСМ, и според мене на следните избори тие ќе одат многу подоле од тој резултат според бројот на гласови. Претпоставувам дека одат со логика дека како најслаб резултат е 200.000 гласови на СДСМ, но овојпат ќе одат многу, многу подоле“, изјави Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.