При денешната посета на општина Карбинци, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на што настанот на 4 февруари ќе биде настан од виск ризик и дали членови се повикувани во полициска станица на информативни разговори истакна дека има такви информации за такви информативни разговори и ги повика граѓаните во Македонија да не подлегнуваат на провокациите, и мирно чесно и достоинствено да го чествуваат великанот Гоце Делчев.
„Имам информации за такви информативни разговори и јас ја користам оваа прилика да ги повикам граѓаните во Македонија да не подлегнуваат на провокациите кои што секојдневно се присутни и кои што имаат само една цел и тие одат во полза само на една структура а тоа е на владата на ДУИ поддржана од СДСМ и на нашиот источен сосед. Ниту една провокација на која што ќе потпадне било кој граѓанин не оди во полза на македонскиот народ и на Македонија како држава затоа ги повикувам ние сме мирен честит,достоинствен народ, библиски народ ќе потсетам, народ кој што знае да тагува народ кој што знае да празнува но и народ кој што знае да се отчести да даде почест на луѓето, кој што ги почитува еден е таков великанот Делчев, и јас ги повикувам сите да на тој ден да достоинствено се поклониме во Црквата „Св. Спас“ во Скопје, за да можеме да покажеме дека овој народ местото му е онаму каде што одамна треба да биде а тоа е во Европа. А не да се враќаме наназад и да не дозволиме оние корумпирани полициски структури кои што имаат обид да го разединат македонскиот народ да успеат, ние треба да ги поразиме со едно достоинствено чествување на денот, и затоа ги повикувам сите оние кои што тој ден ќе се одлучат достоинствено да го чествувааат денот“, нагласи Мицкоски.
На прашањето дали се сепак повикани членови на партијата на информативнио разговори, Мицкоски нагласи дека има таква информација, но не сака да создава паника бидејќи навикнати се пет години да живеат под политички терор на владата на СДСМ и ДУИ.
„Па имам такви информации но сега за сега не би сакал и не треба да создаваме паника, ние сме навикнати ние пет години живееме под политички терор на владата на СДСМ и ДУИ, навикнати сме едноставно отпорни сме на сето тоа, повикувани се ќе бидат повикувани, се до моментот додека оваа влада не замине, потоа тие кои што ја злоупотребуваат таа позиција ќе треба да дадат одговори на многу прашања, и тогаш треба да бидат силни како што се сега силни, знаете кога ќе сте во институциите имате чувство дека, ако малку помалку имате животно искуство дека сте семоќни, но доаѓа денот кога ќе треба да дадете одговори на многу прашања и потоа нема бегање, нема плачење, нема лелекање, нема кукање, ќе треба да се дадат одговори а тој ден доаѓа. Месеци се во прашање кога ќе дојде денот кога многумина во оваа држава тоа што го правеа во овие 5 години ќе треба да дадат одговор“, истакна Мицкоски.
Во однос на прашањето дали на 4 февруари очекува било каква случка која што би ја нарушиле безбедносната состојба во државата, Мицкоски истакна дека било каква случка која што би ја нарушила безбедноста би била само на грев на владата и на МВР, бидејќи ако МВР ги слуша сите овие апели кои што ги упатува, добро се организира и не сака да дојде до таква случка, нема да дојде.
„Било каква случка која што би ја нарушила, ќе биде само на грев на владата и на МВР, бидејќи ако МВР ги слуша сите овие апели кои што ние ги упатуваме и добро се организира и не сака да дојде до таква случка, верувајте нема да дојде. Но доколку сака Спасовски и луѓето околу него да дојде до таква случка, ќе дојде. Така што единствен виновник ќе бидат тие“, нагласи Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.