„Ние имаме епски неспособна Влада. Ние многу пати во минатото нудевме решенија, предлози, политики итн., но тие одлучија своеглаво да водат политика од денес за утре, имаат некој чуден болшевички пристап на решавање на работите во економијата, но таа не е сега таква каква што била во времето на комунизмот. Сега имаме пазарна економија и начинот на којшто таа функционира е спротивен од политиките на Владата“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање, при денешната теренска активност на терен со граѓаните во Општина Штип во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“.

Тој додаде дека поради тоа се случува да имаме промашување речиси двојно од тоа што го прогнозира ММФ и имаме 50% повисока инфлација од таа што ја имаат државите членки на ЕУ.

„И затоа ни се случува да имаме речиси двојно промашување од тоа кое што го прогнозира ММФ, имаме 50 проценти повисока инфлација од таа која што ја имаат државите земји членки на ЕУ. Колку и да зборуваме треба да дојдеме до еден конечен заклучок, а тоа е колку побргу имаме избори и колку побргу замине оваа Влада и дојдат компетентни луѓе кои знаат како да се справуваат со предизвиците толку ќе биде подобро за сите граѓани“, изјави Мицкоски.

Тој заклучи дека се додека има вакви политички гимнастики и медиокритети, ќе одиме назад и ќе се соочуваме со ваков тип неправди и лоши постапувања.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.