Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за „Прес 24“ одговарајќи на прашање во однос на тоа што не чекаат претседателски избори и како е задоволен од Стево Пендаровски како претседател истакна дека Пендаровски ниту работа врши, ни атер крши, потрошил цел мандат а ништо не сработил.
Ни работа врши, ни атер крши. Тоа е како да ме прашате што мислите за првиот семафор. Супер работа врши но не може да ви води држава. Човекот цел мандат го посвети на оговарање, место на лобирање. Сега е на мака дали ќе го предложат партиите. И се што прави е да се допадне на партиите кои би можеле повторно да го кандидираат. Сметам дека таа функција е обезвреднета поради погрешните политики изминатите години. На Македонија ѝ треба сосема поинаков поглед на работите и начинот на кој ќе се претставува државата, нагласи Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.